Mehmet Hatipoğlu
13 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
КОМОТИНИ (АА) - Во близина на островот Лезбос се преврте брод кој превезувал илегални имигранти. Од бродот се спасени 51 лице, а едно лице се води како исчезнато, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста што ја објави грчката информативна агенција AНA-MПA, североисточно од островот Лезбос се превртел брод со 52 илегални имигранти. Грчката крајбрежна стража спасила 51 илегален имигрант, а во тек е операција за пронаоѓање на исчезнатото 15-годишно девојче имигрант.
Во веста се истакнува дека спасените илегални имигранти се префрлени во Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации на острвот Лезбос.