Fatjon Cuka
19 Март 2026•Ажурирај: 20 Март 2026
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (AA) - На крајот од месецот Рамазан муслиманските верници во земјите на Балканот продолжуваат со подготовките за големиот празник Бајрам, јавува Анадолу.
Во Северна Македонија, Албанија, Косово и во други земји граѓаните ги прават последните подготовки за дочекот на Рамазан Бајрам.
Во пресрет на празникот, на пазарите во главните градови на земјите од регионот, како Скопје, Тирана, Приштина и други градови, се забележува поголема фреквенција на граѓани, кои ги прават последните подготовки купувајќи производи.
На пазарите и во маркетите се забележува зголемена фреквенција, особено голем е интересот каде што се продаваат бонбони и слатки.
И годинава баклавата, еден од незаменливите вкусови за празниците, зазема прво место на листата на најбарани слатки.
Исто така, традиционалните јадења се неразделен дел од Бајрамот, а атмосферата е попразничен.
На 20 март, муслиманските верници ќе го прослават Бајрамот по завршувањето на месецот Рамазан.
Во меѓувреме, подготовките започнаа и во џамиите и на плоштадите во земјите од регионот за извршување на Бајрамската молитва.