Zylfije Adem Jakupi
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Националниот инситут за јавно здравје на Косово соопшти дека се регистрирани 47 нови случаи на зараеност со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот објавен од институтот, денес се спроведени 314 тестирања во инфективната клиника и од теренот, од кои 47 биле позитивни на коронавирусот. Од косовскиот институт за јавно здравје наведуваат дека денес оздравеле 22 заболени, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 1.069.
Од 8. февруари досега во Лабораторијата за молекуларна микробиологија на Косово тестирани се 21.831 лице, од кои 2.216 биле позитивни, а 37 лица ги загубија животите.