Zylfije Adem Jakupi
21 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа има 37 новозаразени со Ковид-19, додека вкупниот број на починати изнесува 15, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во најновиот извештај се наведува дека од 353 тестирани примероци сомнителни на коронавирусот, 37 биле позитивни и сите се случаи на контакти со заболени.
Од Институтот се наведува дека досега на северот на Косово регистрирани се 3 смртни случаи, со што вкупниот број на починати лица од Ковид-19 во Косово пораснал на 15.
Од 8 февруари, тестирани се вкупно 5.009 примероци сомнителни на коронавирусот, од кои 598 беа позитивни, со 15 смртни случаи. Сите починати имале и придружни болести.
Во Косово излекувани се уште 21 пациент, со што бројот на излекувани лица се зголеми на 123.