Zylfije Adem Jakupi
04 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово се регистрирани 119 случаи на заразување со коронавирусот, додека 3 лица починаа од последици предизвикани поради заразувањето со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека оздравеле 187 пациенти, со што вкупниот број на оздравени пациенти се искачи на 10.300. Во последното деноноќие се тестирани 474 лица, при што 119 биле позитивни на коронавирусот.
Досега се тестирани вкупно 53.090 лица за кои постоело сомневање дека се инфицирани со коронавирусот, од кои 13.910 биле позитивни на тестот, додека 551 лице ги загубија животите. Бројот на активни случаи во Косово изнесува 3.059.