Zylfije Adem Jakupi
11 Април 2021•Ажурирај: 13 Април 2021
ПРИШТИНА
Во Косово во последните 24 часа детектирани се 529 случаи на зараза со новиот тип коронавирус (Ковид-19) од тестирани 4.413 примероци сомнителни на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од почетокот на епидемијата досега тестирани се 475.417 примероци за кои постоел сомнеж за Ковид-19, од кои 97.996 биле позитивни.
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последното деноноќие од последиците предизвикани од коронавирусот починале 12 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 1.988.
Во последните 24 часа оздравеа 503 лица, вкупно 82.064 од почетокот на пандемијата во Косово. Во моментов во оваа земја се активни 13.944 случаи на зараза со Ковид-19.