Abdula Berisha
24 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во рамките на Неделата на чамите во Скопје, денеска беше организиран марш за Чамерија, кој започна од скопското кале до Грчката амбасада, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрантите се собраа во Скопје од повеќе градови на Северна Македонија, додека за време на маршот извикуваа пароли како „Чамерија во нашите срца“, „Чамерија е Албанија“ и други.
Присутен на маршот беше и претседателот на Партијата правда, интеграција и единството (ПДИУ) од Албанија, Шпетим Идризи, кој претходно учествуваше на панел дискусија со историчарот Арбен Лала и публицистот Ким Мехмети.
Во име на Организацискиот совет на Неделата на чамите во Скопје, Сумеја Рамани прочита писмо пред Амбасада на Грција во Скопје, писмо кое потоа беше доставено до Амбасадата.
Во писмото се наведува дека етничкото чистење на Чамерија од албанскиот елемент има политичка заднина која не е поддржана од ниту еден факт за обвинувањето дека „Албанците биле соработници на нацистите."
„Затоа сме денес тука да побараме од Грција да Албанците од Чамерија да се вратат да ги посетат куќите и гробовите на нивните предци. Исто како што им овозможија на Егејските Македонци од Грција, кои беа протерани за време на граѓанската војна 1947-1949 година, да ги посетуваат домовите и гробовите на нивните предци, Грција исто така мора да им дозволи на Чамите да го сторат тоа“, рече Рамани.
Во писмото, исто така, се повикуваат Европската комисија и Европскиот парламент да ја принудат Грција, како членка на ЕУ, да престане со етничката и верската дискриминација над Чамите.
Маршот беше придружуван од полицијата, а заврши мирно и без инциденти.