Husamedin Gina
27 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје денес свечено е отворено Здружението за лица со посебни потреби „СОС-Вита“, јавува Anadolu Agency (AA).
На свеченото отворање на здружението присуствуваа амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, претседателот на политичката партија АлтернАтивА, Африм Гаши, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин и голем број на гости.
Амбасадорката Кара, во својот говор на свечeноста рече дека Шаќири го запознала на настан што се одржа пред Амбасадата на Турција во Скопје по повод 15 Јули, каде дознала дека Шаќири со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, се запознал во скопската џамија Мустафа Паша во 2011 година за време на неговата посета на Северна Македонија.
„Тогаш таму г-ѓата (Емине Ердоган) и господинот (Реџеп Таип Ердоган) имаа едно барање. На бизнисмените кои беа присутни таму им рекоа: 'Јас овде Ертан прво му го доверуваме на Бога, потоа на вас“, истакна амбасадорката Кара.
Исто така, Кара истакна дека маргинализацијата е лошо чуство и дека тоа треба да се објави низ целиот свет и рече: „Ве молам често да потсетуваме дека ние тука сме роднини со етничките заедници и со сродните заедници. На оваа значајна церемонија нашиот убав брат (Ертан Шаќири) уште еднаш го покажа тоа пред нас. Ние мораме ова често да го правиме заедно. Никој од нас не е различен.“
Претседателот на АлтернАтивА, Африм Гаши, истакна дека канцеларијата на неговата партија секогаш ќе биде отворена за претседателот на „СОС-Вита“, Ертан Шаќири и за сите лица со посебни потреби.
„И Ертан знае дека секогаш кога ќе ги посети канцелариите на нашата партија постојано сме му кажале дека и нашите канцеларии се негов дом и дека тука треба да се чувствува како во својот дом“, рече Гаши.
Тој посочувајќи дека Ертан Шаќири од денеска се наоѓа на една значајна функција на едно здружение потсети дека не само политичките партии туку сите граѓани треба да го поддржат здружението „СОС-Вита“.
Претседателот на „СОС-Вита“, Ертан Шаќири упати благодарност за присуството на амбасадорката на Република Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара.
„Оние лица кои денеска се присутни на свеченото отворање треба да знаат дека претставуваат пример за нашата земја Северна Македонија“, истакна Шаќири.
Претседателот на „СОС-Вита“, Шаќири, исто така наведе дека во здружението членуваат лица со посебни потреби од различни етнички заедници и дека тие не се само здружение на скопската Општина Чаир, туку на цела Северна Македонија.