Dzihat Aliju
15 Јуни 2026•Ажурирано: 15 Јуни 2026
Во Скопје се одржа програмата за отворање на летната школа што ќе се организира за учениците од основните училишта, јавува Анадолу.
На програмата за отпочнувањето на летната школа, што ќе ја организираат здруженијата Енсар и Ќопру со седиште во Скопје, со поддршка на Министерството за култура и туризам на Турција и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), присуствуваа претставници на здруженијата, ученици и нивните семејства.
Претседателот на Здружението Енсар, Сулејман Баки, во своето обраќање им посака успех на учениците што ќе бидат дел од летната школа и изрази желба проектот, што трае веќе 19 години, да биде успешен и корисен.
Претседателот на Здружението Ќопру, Хусрев Емин, исто така истакна дека учениците што ќе учествуваат во летната школа ќе стекнат убави искуства во текот на програмата, притоа заблагодарувајќи им се на Министерството за култура и туризам и на ТИКА за нивната поддршка на проектот.
Летната школа, што оваа година се организира по 19-ти пат, ќе трае 3 недели.
На летната школа ќе учествуваат вкупно 122 ученици на возраст од 7 до 14 години, ќе се одржува различна настава, која ќе го опфаќа и животот на божјиот пратеник Мухамед, животот на божјите пратеници, едукација за вредностите и друго.