Kristina Maslareviç
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
БЕЛГРАД (AA) - Во текот на состанокот на премиерот на Србија, Александар Вучиќ, и претседавачот на Претседателството на БиХ, Младен Иваниќ, разговарано е за билатералните односи меѓу двете земји, политичката ситуација во Србија и во БиХ, како и за ситуацијата во регионот, јавувa Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на службата за медиуми на премиерот на Србија, Вучиќ во текот на разговорот истакнал дека „Србија е определена за најдобрите политички и економски односи со Босна и Херцеговина“.
„Таквите добрососедски односи се во интерес на српскиот народ во Република Српска и во Босна и Херцеговина“, рече Вучиќ.
„Вучиќ и Иваниќ се согласија дека добрите односи на Србите и Бошњаците се од суштинско значење за зачувување на мирот и стабилноста во регионот, како и за севкупниот напредок на економиите на Западен Балкан“, се вели во понатамошниот текст на соопштението.