Bojan Bednar
28 Декември 2022•Ажурирај: 29 Декември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, денес изјави дека Србија никогаш не добила посилни гаранции од Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) кои го исполнуваат барањето на косовските Срби дека не постојат никакви списоци за апсење или кривично гонење поради нивно учество во мирни протести или на барикадите. Петковиќ потоа наведе дека српскиот претседател Александар Вучиќ ги повикал Србите од Косово да се повлечат од барикадите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Петковиќ на прес-конференција истакна дека Србите кои се на барикадите со тоа се заштитени и дека никогаш не постоеле посилни гаранции од САД и ЕУ дека нема списоци за апсење и дека нема да бидат прогонувани Србите кои се на барикадите, ниту оние кои се присутни на сегашните барикади, но ниту оние кои биле на претходните барикади.
Петковиќ истакна дека КФОР целосно гарантира дека косовските безбедносни сили не можат да влезат на северот на Косово без двојна согласност - командантот на КФОР и дозвола на четворицата градоначалници на општините од северот на Косово каде Србите се мнозинство.
Рече дека Вучиќ им ја предочил на Србите од северот на Косово содржината на тие документи и ги замолил да се повлечат од барикадите.
Наведе дека Србите од северот на Косово вечерва ќе разговараат со Вучиќ и дека потоа ќе се види каква е нивната одлука.
„Во моментот кога бевме на работ на сериозен судир и крвопролевање, ми се чини дека успеавме да го зачуваме мирот. Чекаме да слушнеме каква ќе биде одлуката на Србите од северот на Косово“, рече Петковиќ.