Bojana Stojanovic
27 Септември 2019•Ажурирај: 30 Септември 2019
БЕЛГРАД (AA) - Нерешеното прашање на Косово не го оптеретува само економскиот раст на младите во Србија, туку и во регионот, изјави на заседавањето на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк претседателот на Србија Александар Вучиќ, изразувајќи верба дека договор помеѓу Србите и Албанците е од огромно значење за стабилноста на Балканот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Почнавме да се бориме за трајно решение и очекуваме светот да ги сфати нашите позиции и аргументи и да не ја поддржува спротивната страна како што правеа од 1999 до 2008 година", рече Вучиќ.
Тој изрази очекување дека големите сили ќе ги сфатат и ќе ги поддржат неговите аргументи.
„Верувам дека договор помеѓу Србите и Албанците е од огромно значење за стабилноста на Балканот", рече Вучиќ.
Според него Србија ги почитува сите членки на Обединетите нации, нивниот територијален интегритет и суверенитет.
„Србија очекува исто ниво на однесување, нема да бараме ништо што не е наше", додаде Вучиќ.
Претседателот на Србија најави дека за десетина дена започнува изградба на автопатот Белград-Сараево.