Andjelija Stojkovic
01 Септември 2019•Ажурирај: 02 Септември 2019
БЕЛГРАД (АА) - Српскиот претседател, Александар Вучиќ, пред Главниот комитет на Српската напредна партија (СНС) рече дека Србија ќе биде под голем притисок штом Приштина формира Влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ, кој е претседател и на Српската напредна партија, рече дека врз Србија ќе биде вршен притисок да ја признае независноста на Косово без компромис, но дека Косово нема да добие признавање, нагласувајќи дека притисокот ќе биде огромен.
Тој рече дека не знае дали Српската листа ќе излезе на изборите во Косово, но дека ѝ советува да излезе на тие избори.
„Тоа ќе бидат тешки избори за Српската листа, но очекувам победа во нашата јужна покраина“, рече Вучиќ.
Тема на седницата беа и редовните локални и парламентарни избори во Србија, кои треба да се одржат во 2020 година.
Говорејќи за предлогот на опозицијата пред изборите да се формира техничка (преодна) влада по примерот на Владата формирана во пресрет на изборите во Северна Македонија во 2016 година, Вучиќ рече дека донел одлука дека додека е жив нема да има никакви преодни влади, туку влада на народот за која ќе гласаат граѓаните“.
„Владата на Србија нема да ја одредуваат странци, туку граѓаните на Србија. Додека сум жив ќе го бранам Уставот на оваа земја“, рече Вучиќ.