политика, Балкан

Главчев, привремениот премиер на Бугарија, повторно ќе формира привремена Влада

- Предвремените избори се очекува да се одржат на 27 октомври

Ihvan Radoykov  | 22.08.2024 - Обновена : 22.08.2024
Главчев, привремениот премиер на Бугарија, повторно ќе формира привремена Влада

СОФИЈА (АА) - Во Бугарија, каде што продолжува владината криза, привремениот премиер Димитар Главчев доби задача од претседателот Румен Радев повторно да го формира привремен Кабинет, известува Анадолу.

На средбата одржана во Претседателството претседателот Радев рече: „Главна задача на новата привремена Влада ќе биде да организира фер, чесни и транспарентни избори и да спречи каква било измама што може да се случи на овие избори. Ова нека биде приоритет во работата на Вашата Влада.“

„Мора да се спречат ‘шопинг на гласови’ и друга корупција што може да се случи на изборите“, рече Радев и на Главчев му даде рок до 26 август да формира привремен Кабинет.

Претседателот Радев посочи дека доколку Владата што ќе ја формира Главчев добие одобрение, новите предвремени општи избори би можеле да се одржат на 27 октомври.

Радев не го одобри предлогот на владиниот состав претставен од Горица Гранчарова-Кожарева, заменик-претседателка на Ревизорската комора, која беше предложена за привремен кандидат за премиер.

Бугарските гласачи седми пат во последниве три години ќе излезат на предвремени избори бидејќи поради политичката нестабилност не може да се формира влада.

Излезноста, која на последните избори беше 34 %, се очекува дополнително да се намали на новите избори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın