Agim Sulaj,Zylfije Adem Jakupi,Lejla Biogradlija
04 Февруари 2021•Ажурирај: 05 Февруари 2021
ПРИШТИНА (АА) - Граѓаните на Косово со нетрпение очекуваат во нивната земја да започне процесот на вакцинација против новиот вид коронавирус, Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Се планира нарачаните вакцини во земјата да пристигнат во февруари, а граѓаните, пак, сметаат дека се доцни со вакцинирањето.
Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај, изјави дека неговата земја го завршила целиот процес на набавка на вакцини, складирање и програма за вакцинација и рече дека вакцините ќе бидат доставени во текот на овој месец.
Од друга страна, во соопштението од Министерството за здравство се наведува дека е потпишан договор за 500.000 дози од вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“, и исто така се додава дека се обезбедени 360.000 дози вакцини преку глобалниот механизам Ковакс, предводен од Светската здравствена организација (СЗО).
- Граѓаните доцнењето го препишуваат на економски причини“ -
Во Косово, каде што првиот случај на Ковид-19 беше откриен на 13 март 2020 година, сѐ уште има околу 6.500 активни случаи.
Граѓаните на Косово, кои очекуваат вакцинацијата да започне што е можно побрзо, доцнењето го припишуваат на економските причини.
Алза Криезиу, која живее во главниот град Приштина, вели дека доброволно ќе се пријави за кампањата за вакцинација и додаде: „Косово презеде строги мерки во борбата против епидемијата, а тоа имаше позитивен ефект. Но, не бевме ефективни во набавката на вакцините.“
Од друга страна, Фидан Кожани, наведувајќи дека негативните економски услови во земјата играат важна улога во одложувањето на вакцинацијата, рече: „Би сакал да бидам прв меѓу оние што ќе се вакцинираат. Развиените земји веднаш започнаа со вакцинирање во рамките на нивните можности. Ние доцниме.“
Аурора Красниќи, истакнувајќи дека сака што побрзо да се вакцинира против Ковид-19, рече дека тоа е важен чекор во борбата против епидемијата.
Агрон Бајгора изјави дека треба да се има трпение затоа што се доцни со вакцинирањето во споредба со земјите во Европа.
На Балканот, покрај Косово, процесот за вакцинација не е започнат и во Северна Македонија, Црна Гора и Босна Херцеговина.