Балкан

Доделени дипломите на дипломците на Меѓународниот балкански универзитет

- Во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) се одржа церемонијата на дипломирање на 14. генерација студенти

Abdula Berisha  | 28.06.2024 - Обновена : 01.07.2024
Доделени дипломите на дипломците на Меѓународниот балкански универзитет Фото: Абдула Бериша / АА

СКОПЈЕ (АА) - Во кампусот на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) се одржа церемонијата на дипломирање на 14. генерација студенти, јавува Анадолу.

На свеченоста, покрај раководителите и персоналот на ИБУ, присуствуваа и претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, вицепремиерот на Северна Македонија, Изет Меџити, пратеници, претставници на турската амбасада во Скопје, на турските институции во Северна Македонија, како и голем број членови на семејствата на студентите.

Во поздравниот говор Гаши рече дека ИБУ е додадена вредност со која може да се гордее општеството на Северна Македонија, додавајќи дека во него студираат студенти од различна етничка и верска припадност.

Тој, исто така, рече дека со создадената атмосфера ИБУ обезбедува знаење за студените, но морални вредности.

„Се надевам дека сте стекнале и знаење и доблест бидејќи само така ќе бидете слободни луѓе во вистинска смисла на зборот и ќе можете да ја оправдате големата одговорност за која сме создадени, како божји слуги на Земјата“, рече Гаши.

Во својот говор вицепремиерот Меџити вети дека ќе ја зголеми соработката со универзитетите, додавајќи дека на општеството му е потребен квалификуван кадар.

„Вие, драги студенти, сте тие што ме мотивирате. Кога ќе ги видам вашите амбиции, вашата посветеност на успехот, вашата инвестиција во себе, сакам да работам многу понапорно и многу подобро за да може земјата да ви ги создаде сите можности да останете овде, да работите овде и да придонесете овде, затоа што вашиот напор е ценет и ќе биде награден“, рече Меџити.

Ректорот на ИБУ, проф. д-р Љутфи Сунар, во поздравниот говор им честиташе на студентите, нагласувајќи дека знаењето што го стекнале во текот на студирањето е само почеток на нивното патување.

Тој, исто така, рече дека се чувствува повреден од војната во Газа, нагласувајќи дека мора да се поддржат напорите за мир.

„Тековниот геноцид во Газа и страдањата на палестинскиот народ нѐ потсетуваат на големата потреба за правда, сочувство и мир. Загубата на невини животи и тешкотиите со кои се соочуваат семејствата во Газа ги кршат нашите срца. Како образовани и совесни поединци, ние мора да застанеме против опресијата и да ги поддржиме напорите за мир за сите“, рече Сунар.

По поздравните говори на студентите им беа доделени дипломите. Некои од студентите, изразувајќи солидарност со палестинскиот народ, носеа палестински знамиња и носии.

Церемонијата заврши со традиционално фрлање на капите и огномет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.