Adel Ömeragiç
03 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
ПОДГОРИЦА (AA) - Претседателот на Владата на Албанија Еди Рама пристигна денеска во официјална посета на Црна Гора, на повик на премиерот Душко Марковиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Рама е дочекан свечено со највисоки почести на платото пред Вилата „Горица“. Во делегацијата со премиерот Рама се и министерот за надворешни работи на Албанија Дитмир Бушати и пратеникот во Собранието на Албанија Паулин Стрекај.
Освен со премиерот Марковиќ, Рама ќе се состане и со претседателот на Собранието на Црна Гора Иван Брајовиќ.
Во рамките на посетата, ќе биде приреден и состанок на министрите за надворешни работи на Албанија и Црна Гора Дитмир Бушати и Срѓан Дармановиќ.
Министрите Дармановиќ и Бушати ќе потпишат договор помеѓу Министерството за здравство на Црна Гора и Министерството за здравство на Република Албанија за соработка во областа на здравството.
Исто така, планирано е Марковиќ и Рама да одржат конференција за медиумите.