Турција, политика, Балкан

Ердоган во Анкара го прими претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши

На средбата, затворена за медиумите, во Претседателскиот комплекс во Анкара присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш

Mehmet Tosun  | 02.10.2024 - Обновена : 03.10.2024
Ердоган во Анкара го прими претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши Фото: Турско Претседателство/Мустафа Камаџи

Ankara

АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес на средба го прими претседателот на Собранието на Северна Македонија, Африм Гаши, јавува Анадолу.

На средбата, затворена за медиумите, во Претседателскиот комплекс во Анкара присуствуваше и претседателот на Големото народно собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш.

Гаши го придружува собраниска делегација која ја сочинуваат Бејџан Иљас, претседател на пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Туркије, членовите на оваа пратеничка група, Никола Мицевски и Мерита Колчи Коџаџику, како и пратениците Оливер Спасовски и Беким Сали.

Делегацијата од 2 до 5 октомври престојува во официјална посета на Република Туркије, каде што ќе оствари низа средби.

Во текот на утрешниот ден, како што соопштија од канцеларијата за медиуми на Собранието, Гаши ќе биде примен од неговиот турски колега Куртулмуш, по што ќе претседаваат со меѓуделегацискиот состанок, а потоа ќе имаат и заедничка изјава. Гаши ќе одржи и поздравен говор на пленарната седница на Генералното собрание на Туркије.

За време на посетата на Анкара, Гаши ќе оствари средба и со турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, а потоа ќе отпатува за Истанбул каде што ќе одржи говор пред студентите на Универзитетот „Мармара“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.