Senita Şeherçehayiç
08 Мај 2017•Ажурирај: 08 Мај 2017
САРАЕВО (АА) - Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина го очекува доаѓањето на припадниците на Армијата на САД, кои ќе учествуваат на вежбата „Jackal Stone 217“ во БиХ. Вежбата ќе се одржи во јуни 2017 година. Оваа билатерална вежба ќе користи реално оперативно сценарио со цел да се подобри интероперабилноста помеѓу БиХ и Соединетите Американски Држави, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во вежбата ќе учествуваат околу 500 припадници на безбедносните, владините и граѓанските институции на Босна и Херцеговина и на САД. Вежбата ќе ги подготви учесниците за спроведување на потенцијални операции со партнерските сили, како и интерресорните организации преку размена на тактички и доктринални познавања.
БиХ и САД тесно соработуваат во областа на безбедноста и ја поздравуваат оваа можност за понатамошно зајакнување на овие односи преку зголемување на степенот на нивна интероперабилност како земји-партнери, со цел подобар одговор на потенцијалните безбедносни прашања. Иако сценариото на вежбата е осмислено со цел да ги рефлектира релевантните безбедносни предизвици, тоа нема никаква поврзаност да со вистинските случувања.
Локалните власти ги одобрија сите активности и маневри за да се осигура безбедноста на луѓето во Босна и Херцеговина, беше соопштено од Министерството за безбедност на БиХ.
„Jackal Stone 2017“ е дел од програмата за заедничка обука и вежби на Европската команда на војската на САД, чија цел е подобрување на интероперабилноста со сојузничките и парнерски држави, како и поддршка на моменталните операции.