Furkan Abdula, Figen Shaban
20 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
ПРИШТИНА/ПРИЗРЕН (АА) - Денес, во Косово, Фондацијата „Маариф“ од Турција подготви церемонија на свечено започнување на новата учебна година 2017 / 2018 во меѓународните училишта „Маариф“, јавува Anadolu Agency (AA).
Фондацијата „Маариф“ во косовскиот главен град Приштина и во градот Призрен подготви свечена церемонија за почетокот на новата учебна година, на која што покрај учеството на министерот за јавна администрација на Косово, Махир Јагџилар, заменик-министерот за образование на Турција, Орхан Ердем, амбасадорката на Турција во Приштина, Кивилџим Килич, генералниот претседател на фондацијата „Маариф“ Турција, Бирол Акѓун, директорот на меѓународното училиште „Маариф“ во Приштина, Неџдет Балки, директорот на училиштето во Призрен, Али Седат Аслан, учествуваа високи државни функционери, високи функционери на фондацијата „Маариф“, претставници на институции и организации од Косово, родители и останати поканети гости.
Свеченото отворање на училиштата „Маариф“ во Косово го направи заменик-министерот за образование на Турција, Ердем, кој во таа пригода упати честитки до одговорните во училиштето и до учениците, и им посака успешна учебна година.
Заменик-министерот истакна дека фондацијата „Маариф“ до 2013 година била невладина организација активна во полето на образованието, но од минатата година има за задача да ѝ се спротивстави на една организација што го изведе обидот за пуч во Турција и која се покажа како терористичка и фракциска организација.
Заменик-министерот за образование на Турција, Ердем, истакна дека фондацијата „Маариф“ во Косово ќе презентира висококвалитетно школство и го искажа уверување дека учениците кои ќе излезат од овие училишта ќе бидат успешни поединци. Тој додаде дека зад семејствата и учениците во овие училишта на фондацијата „Маариф“ стои Турција.
„Накратко, мојата порака е дека во Косово има само две турски училишта, а тоа се училиштата на фондацијата „Маариф“, кои се образовни институции во коишто се изведува образование според законите на Министерството за образование на Косово“, рече заменик-министерот Ердем.
На свечената церемонија свое обраќање имаа и амбасадорката на Турција во Приштина, Килич, генералниот претседател на фондацијата „Маариф“ Турција, Акѓун, и директорите на двете училишта „Маариф“ во Косово, Балки и Аслан.
Во рамките на свечената церемонија на отворањето на новата учебна година, учениците читаа поезија и играа народни ора и игри.