Ekipa
12 Октомври 2017•Ажурирај: 12 Октомври 2017
ТИРАНА (АА) - Со фалсификувана патна исправа, на граничниот премин на пристаништето во Драч, запрен е турскиот државјанин Ајдогмуш заедно со сопругата и двете ќерки, при обидот да патува за Италија, при што е установено дека е баран од страна на турските власти. Ајдогмуш е приведен и започнат е процес за негова испорака на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од полицијата на Драч, се наведува дека по осомничениот е издадена потерница за негово приведување од страна на Интерпол, поради поврзаност со терористичка организација. Во соработка со канцеларијата на Интерпол во Тирана, установено е дека постои одлука за приведување и оти е баран од страна на Турција.
Ајдогмуш ќе биде во притвор доедека не заврши правната процедура за негова испорака на Турција. Во соопштението се вели дека Ајдогмуш заедно со неговото семејство ќе биде испратен во Турција.
Мухамед Јасир Ајдогмуш, неговата сопруга и двете ќерки, минатата недела се фатени при обидот да ја напуштат Албанија со фалсификувани патни исправи.
Ајдогмуш е приведен, а децата заедно со неговата сопруга се испратени во прифатниот центар за странци во подрачјето Бабру, во главниот град Тирана.
Минатата година, Републичкото обвинителство на Истанбул откри дека Мухамед Јасир Ајдогмуш преку профилот „Fuat Avni“ на социјалната мрежа „Twitter“ вршел пропаганда на ФЕТО и е еден од членовите на мрежата кои обезбедувале разузнавачки информации за оваа организација.