БРИСЕЛ (АА) – Во Брисел започна Самитот на Европската Унија (ЕУ) и Западен Балкан, со кој претседава претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, јавува Анадолу.
За време на Самитот, Коста, заедно со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен ќе ја претставуваат Европската Унија.
Самитот е шанса за нов моментум за стратешкото партнерство на ЕУ и Западен Балкан, како и можност за разгледување на начините за продлабочување на партнерството за продолжување на патот кон заедничка иднина во ЕУ.
Главните теми на Самитот, најавени претходно од Европската комисија, се зајакнување на интеграцијата на ЕУ и Западен Балкан преку Планот за раст, продлабочување на политичкиот ангажман и соработка на ЕУ со Западен Балкан во повеќе области на политиката, меѓу другото, во надворешната и безбедносната политика.
Освен тоа, меѓу темите е и градењето економски темели за иднината и ублажувањето на последиците од војната на Русија против Украина, како и соработката во управувањето со миграциите и борбата против корупцијата и организираниот криминал.
На самитот присуствуваат премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, претседавачката со Претседателството на Босна и Херцеговина Жељка Цвијановиќ, премиерот на Албанија Еди Рама, претседателот на Србија Александар Вучиќ и претседателката на Косово Вјоса Османи.
Лидерите на земјите од ЕУ и Западен Балкан ќе разговараат за геополитичкиот контекст и заедничките предизвици на регионот.
Последен пат Самитот ЕУ - Западен Балкан се одржа на 13 декември минатата година, кога беше објавено дека ЕУ го поддржува членството на земјите од Западен Балкан, но дека од нив очекува спроведување на неопходните реформи.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.