Ekip
05 Август 2018•Ажурирај: 06 Август 2018
СКОПЈЕ (АА) - И годинава голем број лица од Балканот ќе заминат на аџилак во Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел да ја исполнат својата обврска за аџилак, оваа година, околу 4.212 аџии од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Хрватска ќе патуваат во Саудиска Арабија.
Првата група аџии од Македонија кон Саудиска Арабија ќе тргнат на 11 август.
Оваа година, на аџилак во Саудиска Арабија од Македонија ќе отпатуваат 672 аџии, од БиХ - 1.680, од Косово - 1.080, од Албанија - 470, од Србија - 235, од Црна Гора - 60, и од Хрватска - 15.
Аџилакот е една од главните верски обврски за верниците муслимани, во рамките на која ги посетуваат светите места за нив - градовите Мека и Медина во Саудиска Арабија.