Zylfije Adem Jakupi
16 Март 2021•Ажурирај: 18 Март 2021
ПРИШТИНА
Во Косово во последното деноноќие детектирани се 553 новозаразени со коронавирус, додека животот го загубија 8 пациенти од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово објави дека во текот на последните 24 часа тестирани се 3.649 примероци од кои 553 биле позитивни на коронавирус.
Во истиот период починале 8 лица од поселедици на Ковид-19, со што вкупниот број на починати се зголеми на 1.723.
Досега во Косово од тестирани 362.186 примероци сомнителни на Ковид-19, вирусот е детектиран кај 78.380 лица.
Во текот напоследните 24 часа оздравеа 534 лица, зголемувајќи го вкупниот број на оздравени на 65.594. Во моментов активни се 11.063 случаи на зараза со Ковид-19.