Agim Sulaj
23 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
ПРИШТИНА
Во Косово уште едно лице почина како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар на Косово.
Во соопштението се наведува дека починатиот пациент е 53-годишник од Општина Призрен.
Се нагласува дека пациентот бил хоспитализиран на 13 април, и дека од почетокот бил во тешка состојба и на интензивна нега.
Со ова, вкупниот број на починати од Ковид-19 во Косово се зголеми на 19.
Во Косово откриени се вкупно 630 случаи со Ковид-19, меѓу кои 19 починати и 138 излекувани лица.