Agim Sulaj
12 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово откриени се уште 33 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи во земјата се искачи на 283, меѓу кои 58 излекувани лица и седум починати, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во ова соопштение се вели дека во последните 24 часа тестирани се 130 примероци, од кои 33 се позитивни на Ковид-19.
Досега во Ксоово се извршени вкупно 3.006 тестирања за овој вирус.
Според Националниот институт за јавно здравје, денес се излекувани шест нови пациенти, со што вкупната бројка на излекувани лица во земјата се искачи на 58.
Меѓу другото, Министерот за здравство на Косово, Арбен Витиа, во консултација со градоначалникот на општина Приштина, Шпенд Ахмети, донесе одлука за проглесување на Приштина за зона под карантин. Витиа исто така слична одлука донесе и за општина Урошевац.