Agim Sulaj
14 Октомври 2021•Ажурирај: 14 Октомври 2021
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.973, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 31 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 160.495.
Во последните 24 часа се направени 2.332 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 1.235.648 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 156.598 лица. Во моментов во земјата има 924 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 1.483.260 дози од вакцините против Ковид-19.