Agim Sulaj
18 Јули 2021•Ажурирај: 19 Јули 2021
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица. Вкупниот број смртни случаи во земјата останува иста, односно 2.264, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 7 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 107.903.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 2.202 тестирањa за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 701.989 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 105.536 лица. Во моментов во земјата има 103 активни случаи.