Балкан

Косово: Конститутивната седница прекината, неуспешно гласање за претседател на Собранието

Привремениот претседавач Авни Дехари соопшти дека седницата е одложена за 48 часа поради тоа што не беше постигнато потребното мнозинство од 61 глас

Ahmet Nurduhan  | 19.04.2025 - Обновена : 19.04.2025
Косово: Конститутивната седница прекината, неуспешно гласање за претседател на Собранието

ПРИШТИНА (АА) – По изборите одржани на 9 февруари, денеска новите пратеници положија заклетва во Собранието на Косово, но гласањето за претседател на Собранието беше неуспешно, јавува Анадолу.

Седницата започна напладне, а откако првиот круг на гласање за предложената кандидатка, поранешната министерка за правда Албулена Хаџиу од движењето Самоопределување не даде резултат, беше дадена пауза од 15 минути, по што седницата продолжи.

Во вториот круг на гласање, 50 пратеници гласаа за Хаџиу, 20 беа против, а 3 беа воздржани.

Привремениот претседавач Авни Дехари соопшти дека седницата е одложена за 48 часа поради тоа што не беше постигнато потребното мнозинство од 61 глас.

Движењето Самоопределување освои 48 мандати. Демократската партија на Косово (ПДК), предводена од Мемли Красниќи, освои 24 пратенички места, додека Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), под водство на Лумир Абдиџику, освои 20 мандати. Коалицијата на Алијансата за иднината на Косово (ААК) на поранешниот премиер Рамуш Харадинај има осум места. Девет од десетте места наменети за српското малцинство ги освои Српската листа, поддржана од официјален Белград.

За 120 пратенички места на првите редовни парламентарни избори од прогласувањето на независноста на Косово во 2008 година, се натпреваруваа 27 партии и коалиции.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.