Agim Sulaj
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 12 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.884, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 975 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 91.405.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 5.010 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 430.860 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 75.647 лица. Во моментов во земјата има 13.874 активни случаи.