Zylfije Adem Jakupi
05 Август 2021•Ажурирај: 06 Август 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во изминатите 24 часа починаа 2 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 2.270, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 195 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 109.039.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија и во приватните лаборатории се направени 3.730 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 749.128 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 105.704 лице. Во моментов во земјата има 1.065 активни случаи.
Во Косово досега се аплицирани 469.857 дози вакцини против Ковид-19.