Agim Sulaj
07 Март 2021•Ажурирај: 07 Март 2021
ПРИШТИНА
Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 9 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.649, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 548 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 73.048.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 4.193 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 329.900 тестирањa.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 61.986 лица. Во моментов во земјата има 9.413 активни случаи.