економија, Балкан

Косово од утре се приклучува на бојкотот на маркетите

За овој бојкот на социјалните мрежи е организирана група граѓани кои на 10 февруари ги повикуваат сите да ја поддржат оваа иницијатива за бојкот во Косово поради континуираните поскапувања

Elena Trenchevska Chekovikj  | 09.02.2025 - Обновена : 09.02.2025
Косово од утре се приклучува на бојкотот на маркетите Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) – Косово од утре се очекува да се приклучи на бојкотот на маркетите поради поскапувањата, пренесува Анадолу.

За овој бојкот на социјалните мрежи е организирана група граѓани кои на 10 февруари ги повикуваат сите да ја поддржат оваа иницијатива за бојкот во Косово поради континуираните поскапувања.

Според нив, крајно време е надлежните да реагираат на економската ситуација која предизвикува високи цени. Наведуваат дека одредени основни производи се поевтини во европските земји отколку во Косово.

Оваа иницијатива ја поддржуваат економистите и Здружението на потрошувачи, кое смета дека „ерата на измами и шпекулативни цени е завршена“.

Повеќе детали за оваа иницијатива за „Косова прес“ даде Џеват Кастрати, еден од основачите на иницијативата, кој посочи дека основната цел е да се создаде платформа на која граѓаните ќе можат да ги изразат своите поплаки за високите цени.

Како што истакна, досега има околу пет илјади луѓе кои се приклучиле на групата „Бојкот Косово“, и нагласи дека очекува поддршка од пошироката јавност.

Граѓаните силно ја поддржаа оваа иницијатива. Хасан Османи истакна дека цените растат без контрола и дека ќе се приклучат на бојкотот преку иницијативата.

Инаку, бојкотот на маркетите на Балканот првин започна во Хрватска, а кон крајот на минатиот месец се прошири и во другите земји - Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.