Agim Sulaj
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ПРИШТИНА
Во Косово уште едни лице почина како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 31, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека откриени се уште 40 нови случаи со Ковид-19, со што вупниот број на случаи во земјата порасна на 1.234.
Уште 6 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата се зголеми на 890.
Денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 296 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 16.674.