Furkan Abdula
08 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа уште 12 пациенти како последица на заразување со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 315, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се детектирани уште 190 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со коронавирусот во земјата се искачи на 10.059.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 443 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 40.184 тестирања за вирусот.
Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 5.802 лица. Моментално има 3.942 активeни случаи.