Zylfije Adem Jakupi
14 Април 2021•Ажурирај: 16 Април 2021
ПРИШТИНА
Последните 24 часа во Косово се детектирани 701 лице позитивно на новиот тип на коронавирус (Ковид-19) од тестирани 4.557 примероци сомнителни на вирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека починале 14 пациенти од последици предизвикани поради со заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во оваа земја на 2.022.
Од почетокот на епидемијата досега спроведено е тестирање на 486.970 примероци сомнителни на коронавирус, од кои 99.536 биле позитивни.
Последното деноноќие оздравеа 737 лица, вкупно 84.328 од почетокот на епидемијата.
Во моментов во Косово се активни се 13.186 случаи на заразеност со Ковид-19.