СКОПЈЕ
На Балканот, Косово има најголема, а Албанија најмала стапка на интернет-корисници, покажува извештајот насловен „ДИЏИТАЛ 2022“, објавен од „Датарепортал“ (DataReportal).
Според глобалниот извештај за интернет-корисници, шест од 10 луѓе во моментот користат интернет, односно 60 проценти од населението во моментот е „онлајн“.
- Северна Македонија: 84 % од населението користат интернет -
Во јануари годинава во Северна Македонија беа забележани 1,75 милиони корисници на интернет, односно стапката на употреба на интернет од почетокот на 2022 година изнесува 84 проценти од вкупното население.
Но, според извештајот, корисниците на интернет во Северна Македонија се намалиле за 0,05 проценти помеѓу 2021 и 2022 година.
Речиси цело население во Косово користи интернет, односно во јануари годинава беа забележани 1,72 милиони корисници на интернет или 97 проценти од вкупното население.
Податоците велат дека бројот на корисниците во Косово во 2022 година, споредбено со 2021 година, останал непроменет.
За разлика од Косово, во Албанија е помал бројот на корисници на интернет, бидејќи статистиката покажува дека на почетокот на јануари се забележани 2,07 милиони корисници на интернет или 72,2 проценти од вкупното население.
Според извештајот, корисниците на интернет во Албанија се намалиле за 0,2 проценти помеѓу 2021 година и 2022 година.
Во Босна и Херцеговина (БиХ) на почетокот на годината забележани се 2,51 милион корисници или 77 проценти од вкупното население.
Според извештајот, стапката на корисници на интернет во БиХ е зголемена за 3,6 проценти помеѓу 2021 и 2022 година.
Во Србија на почетокот на годината се забележани 7,29 милиони корисници на интернет, или 84 проценти од вкупното население во 2022 година.
Притоа се забележува дека корисниците на интернет во Србија се зголемиле за 4,5 проценти помеѓу 2021 и 2022 година.
Стапката на корисниците на интернет во Хрватска е за нијанса помала споредбено со Србија, со тоа што на почетокот на годината се регистрирани 3,34 милиони корисници на интернет или 82 проценти од вкупното население.
Исто така се забележува и зголемување на корисниците на интернет за 1,9 проценти помеѓу 2021 и 2022 година.
Црна Гора пак, на почетокот на годината регистрираше 521,2 илјади корисници на интернет или пак, 83 проценти од вкупното население во 2022. Притоа како и кај поголемиот дел од балканските земји и во оваа земја се забележува зголемување на корисниците на интернет за 2 проценти помеѓу 2021 и 2022 година.
Од наведената бројка на интернет-корисници во земјите од регионот, најмногу социјални мрежи користат Црногорците, односно 82,1 процент од корисниците на интернет. По Црна Гора следува Хрватска со 71,2 проценти корисници на социјални мрежи во однос на населението.
Земји со идентична стапка корисници на социјални мрежи се Албанија со 65,2 проценти, Северна Македонија со 64,8 проценти и Босна и Херцеговина со 63 проценти во однос на населението.
Земји каде што речиси половина од населението се корисници на социјални мрежи се Србија и Косово. Бројот на корисници на социјални мрежи во Косово е 58,5 а во Србија 57,5 проценти во однос на населението.
news_share_descriptionsubscription_contact


