Fatjon Cuka
06 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Албанија, Илир Мета, и министерката за одбрана на Албанија, Олта Џачка, го поздравија потпишувањето на Протоколот за членство на Македонија во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мета во објава на социјалните мрежи напиша дека овој успех ја зголемува регионалната безбедност и стабилност.
„Албанија и 28-те сојузници денес го потпишаа Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Честитки до визионерските политички лидери и граѓани на Република Северна Македонија за овој заслужен успех кој го поттикнува понатамошниот напредок на земјата, ја зголемува регионалната безбедност и стабилност, како и ја зајакнува Трансатлантската алијанса на заеднички вредности“, рече Мета.
Од друга страна, министерката Џачка, исто така, на социјалните мрежи реагираше за овој настан, каде што напиша: „Алијансата ги отвори своите раце и врати за да ја дочека својата 30-та членка во најголемото политичко-воено семејство. Една силна стратешка порака за нашите соседи и регионот на Западен Балкан. Од денешниот ден регионот освои повеќе безбедност, стабилност и мир“.