İhvan Radoykov
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
СОФИЈА (АА) - Во акцијата извршена на бугарско-романската граница беа запленети 423 килограми хероин и уапсено едно лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Бугарскиот главен обвинител Сотир Цацаров за време на прес-конференцијата што се одржа во градот Видин изјави дека дрогата се наоѓала во камион со бугарски регистарски таблички кој се обидувал да ја напушти земјата и да ја пренесе дрогата во Холандија.
Според официјалните лица, документите покажуваат дека камионот превезувал 23 тони керамички плочки за Холандија, а дека купувачот е холандска компанија која работи во областа на храната, што предизвика сомневање.
Во камион се пронајдени 423 килограми и 222 грама хероин поделен во 400 пакети.
Директорот на Царинската агенција, Георги Костов рече дека е покрената истрага за запленетата дрога. Како дел од истрагата, уапсен е 56-годишниот возач на камионот.
Цацаров потсети дека на 24 април, на границата меѓу Бугарија и Турција биле заплени 214 килограми хероин.