Zülfiya Yakup
30 Ноември 2016•Ажурирај: 01 Декември 2016
ПРИШТИНА (АА) – Косово и Србија денес во Брисел, по два дена разговори со посретство на Европската унија, постигнаа согласност реализацијата на Договор за правосудство да се финализира на 10 јануари 2017 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Едита Тахири, министерката за дијалог, која ја предводеше косовската делегација изјави дека е постигнатата согласност за финализација на реализација на договорот за правосудство е од голема важност за Косово, затоа што овој договор овозможува простирање на државниот суверенитет на северниот дел на земјата во областа правосудство, соопштено е од Владата на Косово.
Според договорот за правосудство ќе биде воспоставен Основниот суд и Канцеларијата на обвинителство во регионот Митровица, со кој се опфатени седум општини како што тоа го пропишува Законот за судовите на Република Косово.
Законот предвидува Основниот суд во Митровица со седиште во Митровица да се формира за териториите на општините Јужна Митровица, Северна Митровица, Лепосавиќ, Зубин Поток, Звечан, Скендерат и Вучитрн.
Според законот во Косово постојат вкупно седум основни судови. Во соопштението на Владата се напоменува дека со овој договор се гасат паралелните структури на правосудниот систем кои дејствуваа на северот на илегален начин.
Се додава дека Договорот предвидува Србија до 9 декември 2016 година да ги укине договорите за работа и плати на српските судии и обвинители, кои ќе бидат интегрирани во косовскиот правосуден систем.
Србија е должна писмено да ја информира ЕУ најкасно до 9 декември дека ги реализирала тие обврски, додека нивната интеграција во косовскиот систем ќе се случи на 10 јануари 2017 година.