Aida Cako
02 Март 2026•Ажурирај: 03 Март 2026
ПРИШТИНА (AA) – Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес порача дека љубовта и гласот на граѓаните на Косово ќе останат нејзин компас во секој чекор, пренесува Анадолу.
Османи на социјалната мрежа на компанијата X, со седиште во САД, објави и видеоснимка во која се прикажани нејзините средби со граѓаните на Косово за време на мандатот.
„Довербата, љубовта и гласот на народот на Косово ме водеа на мојот пат и тие ќе останат мој компас во секој чекор што претстои“, изјави таа.
Петгодишниот мандат на Вјоса Османи истекува задутре, на 4 март.
Таа јавно ја изрази амбицијата да се кандидира за втор мандат, но засега не е познато дали ќе ги има потребните 30 потписи од пратениците за кандидатура.