Mehmet Yılmaz
11 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
БУДИМПЕШТА (АА) - Во Унгарија уапсен е српски државјанин за кој Косово има издадено потерница поради извршени воени злосторства во Косово, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Судот во Будимпешта, за Унгарската новинска агенција (MTI) соопшти дека еден Србин е приведен во Унгарија, под сомнение дека извршил воени злосторства врз населението за време на војната во Косово во 1999 година.
Во соопштението се потсетува дека косовските власти донеле одлука за апсење на осомничениот во јули 1999 година, во која се тврди дека осомничениот претепал и силувал жена во осмиот месец од бременоста во градот Видање, Косово.
Исто така се наведува дека процесот за екстрадиција на притворениот осомничен е во тек.