Bojana Stojanovic
22 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, допатува во посета на Србија, а во Белград го дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со интонирање на химните на двете држави и со највисоки почести, Пендаровски е дочекан пред Палатата „Србија“.
Потоа следува тет-а-тет состанок на двајцата претседатели, а по него изјави за медиумите.
Во пресрет на состанокот во Србија, Пендаровски рече дека Србија и Македонија се соседни земји кои немаат отворени прашања, делат заедничка историја и заедничка цел им е членството во Европската Унија.