Fatjon Cuka
19 Октомври 2017•Ажурирај: 20 Октомври 2017
ТИРАНА (АА) - За време на полициска акција во албанскиот град Валона, во текот на ноќните часови, албанската полиција заплени неколку тони наркотици од видот канабис сатива. Официјални извори од Генералната полициска дирекција на Албанија за Anadolu Agency (AA) потврдија дека во извршената операција се запленети неколку тони наркотични средства.
„Во стан во селото Бабица пронајдена е значајна количина наркотични средства од типот канабис сатива. Со мерењето е утврдено дека се работи за количина од 3.978 килограми канабис. Полицијата го приведе како сопственик на дрогата граѓанинот со иницијали А.К., 31-годишен, и заплени како доказ наркиточни средства и еден гумен чамец“, истакна заменик-началникот на Генералната полициска дирекција на Албанија, Ребану Јаупина, на прес-конференцијата.
Споменатата акција се случи откако италијанските власти објавија документ со прислушувани разговори на неколку лица кои се обвинуваат за шверцување наркотици, каде што се спомнува и името на поранешниот албански министер за внатрешни работи, Саимир Тахири.