Oktaj Omeragikj
22 Август 2022•Ажурирај: 24 Август 2022
СКОПЈЕ - Денес во 14:35 часот, Воздухопловните сили на САД во Европа и Африка извршија прелети над Скопје со два воени воздухоплови од типот Б-52, известува Агенција Анадолија (АА).
Прелетите на воздухопловите од типот Б-52 го демонстрираа силното сојузништво во рамките на НАТО и претставуваат гарант за безбедноста на целата евроатланска област, вклучувајќи ја и Северна Македонија, која е членка на НАТО-алијансата.
Воздухопловните сили на САД во текот на денот освен над македонското небо, ќе извршат прелети и над Хрватска, Црна Гора и Албанија, со цел да прикажат посветеност кон балканските сојузници и партнери на НАТО и гаранција за нивната безбедност.