Figen Shaban
12 Декември 2017•Ажурирај: 12 Декември 2017
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој престојува на официјална посета во Косово, беше пречекан од страна на неговиот косовски колега, Рамуш Харадинај, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот Заев и неговата делегација беа пречекани во кабинетот на премиерот на Косово.
По средбата на двајцата лидери ќе се одржи заедничка прес-конференција.
Македонскиот премиер за време на денешната посета на Косово, ќе оствари средби и со другите функционери на Косово, претседателот на косовскиот парламент, Кадри Весели, и претседателот на оваа земја, Хашим Тачи.