Fatjon Cuka
26 Февруари 2026•Ажурирај: 27 Февруари 2026
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека денес земјата е поблиску до членство во Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.
На седницата на парламентарната група на партијата што ја раководи, Социјалистичка партија, Рама изјави дека отворањето на сите поглавја од преговорите за членство во ЕУ се случило во рекордно време во историјата на европските интеграции.
„И денес, на 26 февруари, ние сме поблиску до членството и тоа го велам фактички, а не метафорички, отколку што бевме, да речеме, на 26 јануари, а камоли на 26 септември или октомври минатата година. И повторувам, ова не е литература, ова е факт затоа што таква е брзината со која се движиме во процесот, благодарение на големиот обем на работа што го вршиме заедно“, рече тој.
Рама изјави дека економијата продолжува да се движи со предвиденото темпо, потврдувајќи, според него, одржлив раст, „кој според своето времетраење во текот на овие 35 години е неспоредлив со ниеден претходен период“.
Меѓу другото, премиерот Рама додаде дека Албанија продолжува да блеска на меѓународната сцена како никогаш досега, според него „станувајќи ценета и почитувана во секој форум и инстанција на меѓународните односи“.