Fatjon Cuka
16 Јуни 2023•Ажурирај: 17 Јуни 2023
ТИРАНА (АА) - Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, реализира официјална посета на Албанија, каде што беше пречекан со официјална церемонија од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, јавува Анадолу.
На булеварот „Маченици на нацијата“ во Тирана, пред седиштето на премиерот на Албанија, со учество на други официјални претставници од двете земји, се одржа државната церемонија за унгарскиот премиер.
По официјалниот пречек се одржа средбата помеѓу Рама и Орбан, а во меѓувреме се очекува и потпишување билатерален договор меѓу двете земји.
Премиерот Рама и неговиот унгарски колега Орбан ќе одржат и заедничка прес-конференција.