Sanja Janackovic
10 Април 2018•Ажурирај: 10 Април 2018
НИШ (АА) - Околку илјада граѓани се собраа пред зградата на Собранието на градот Ниш за да ги продолжат протестите против одлуката на Градскиот совет на препорака на Владата да се отстапи нишкиот аеродром на државата Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
На протестот беше организирани симболично јавно гласање на кое сите присутни, на прашањето дали се „за“ или „против“ подарување на нишкиот аеродром, подигнаа леток на кој пишува „против“.
На протестот говореше Младен Јовановиќ од Националната коалиција за децентрализација, една од организациите кои се наоѓаат во иницијативата „Не го даваме нишкиот аеродром“, кој рече дека Градот Ниш во 2000 година го презеде аеродромот кој беше уништен.
„Имаше бомбардирање и аеродромот беше уништен. Градот Ниш како приоритет го стави примањето донации и да го реновираме нишкиот аеродром, а Србија цело време кочеше“, изјави Јовановиќ.
Според неговите зборови, развојот на аеродромот го покрена донесувањето на Договорот за отворено небо.
„Европската унија ја притисна Србија да ни дозволи одовде да одат летовите, а потоа дојдоа и Wizz Air и Ryanair“, истакна Јовановиќ.
Градскиот совет на Ниш одлуката за отстапување на нишкиот аеродром на Република Србија без надомест едногласно ја донесе на 30 март, што предизвика бурни реакции на јавноста и повеќе протести на граѓаните на Плоштадот на кралот Милан, пред Градската куќа и нишкиот кеј.
Ниш на 3 април го посети министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, која пред Градската куќа беше дочекана со свирки. По разговорите со раководството на градот, таа вети дека државата ќе продолжи да инвестира во нишкиот аеродром, како и дека не него ќе ги задржи постоечките компании со ист број и цена на летовите.
Поради бурните реакции од јавноста по одлуката на Градскиот совет да го отстапи аеродромот на Републик Србија, посетата на Ниш ја најави и српскиот претседател, Александар Вучиќ, не прецизирајќи го датумот на посетата.