СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Официјалните статистички податоци од Македонија, Албанија и Кoсово покажуваат дека бројот на умрените лица во регионот има растечки тренд.
Врз основа на статистичките податоци до кои дојде Anadolu Agency (AA) за минатата година, жителите на Албанија живеат подолго во споредба со другите две земји, додека граѓаните на Косово живеат пократко.
- Македонија: Во 2016 година жените живееја 4,4 години подолго од мажите
Според податоците од минатата година од Државниот завод за статистика, во Македонија има вкупно 2.072.490 жители, од кои 16,6 отсто ја сочинуваат младата популација (0-14 години), додека 13,1 отсто (65 години или повеќе) ја сочинуваат старата популација.
Статистиките покажуваат дека минатата година бројот на умрените лица бил 20.421, од кои најголемиот број, односно 29,3 отсто, е регистриран во скопскиот регион, додека најмалиот број, односно 8,1 отсто, во источниот регион на земјата.
Земајќи ја в предвид просечната возраст кај умрените лица, едно лице во Македонија живее 72,5 години. Жените живеат 4,4 години повеќе од мажите, односно 74,7 години, додека мажите просечно живеат 70,3 години.
Највисоката возраст кај умрените лица во текот на 2016 година е забележан во Пелагонскиот регион, каде, во просек, едно лице живее 74,4 години, додека во Полошкиот регион, Скопје, и во североисточниот регион, просечната возраст кај умрените лица е 71,1 години.
Најчести причини за смрт во Македонија се болестите на циркулаторниот систем кои учествуваат со 53.5%, потоа неоплазмите со 19.0 %, потоа ендокрините, нутритивните и метаболичните болести со 5.5 отсто и други.
Од друга страна, регистрирани се вкупно 23.002 живородени, од кои 58,8 отсто во урбани зони, и 41,2 отсто во рурални зони. Според регионите, најголемиот дел во однос на вкупниот број на раѓања е во Скопје со 36,8 отсто, додека во источниот регион е регистриран најмалиот број на раѓања со 6,7 отсто.
- Албанија: старите лица од година во година покажуваат растечки тренд
Во јануари 2017 година, вкупната бројка на населението во Албанија според проценките е 2.876.591 жители. Според официјалните податоци од Статистичкиот институт на Албанија (ИНСТАТ), просечната возраст кај умрените во Албанија за 2016 година била 73,7 години, додека во секој регион има видливи флуктации.
Областа Кукс има забележително отстапување од вкупната просечна возраст, со што се класифицира во област со најниска просечна возраст на смртност од 70,7 години.
Спротивно се случува со областа Ѓирокастро, каде просечната возраст на смртност е повисока од онаа вкупното, односно 76,7 години.
Во текот на 2016 година, бројот на умрените лица била 21,4 илјади, додека бројот на раѓања е околу 31,7 илјади. Во Албанија мажите просечно живеат 3 години омалку од жените.
Просечната возраст на населението за 2016 година е 37 години.
Според ИНСТАТ, старите лица во Албанија од година во година покажуваат растечки тренд, додека возрасната група 0-14 покажува надолен тренд, со само 18 отсто од вкупното население.
Старосната група 60-79 на 1 јануари 2001 година изнесувала околу 10 отсто од вкупното население, додека во јануари 2017 година оваа возрасна група зафаќа околу 17 отсто. Истиот феномен се забележува и за возрасната група 80 години и повисоко, на која и припаѓа само 1,3 отсто од вкупното население во 2001 година, додека во 2017 година зафаќа 2,4 отсто.
Во 2017 година, Тирана зафаќа околу 30 отсто од вкупното население, продолжувајќи да биде еден од најнаселените области во земјата. Тирана ја следи Фиер (11 отсто), Драч (10 отсто) и Елбасан (10 отсто). Само во 3 области забележан е раст на населението во периодот од 2001 до 2017 година, односно Тирана, Драч и Валона.
- Косово: Бројот на раѓањата двојно поголем од бројот на умрените -
Според најновите податоци на Агенцијата за статистика (АСК) бројот на населението на Косово е 1.783.531. Како што се наведува во извештајот на АСК, вкупниот број на умрените лица во Косово за 2016 година бил 9.246, додека на раѓањата 23.494 лица. Овие податоци покажуваат дека во споредба со Албанија и Македонија, броjот на раѓањата е двојно поголем од бројот на умрените.
Просечната возраст кај умрените регистрирани во 2016 година е 69,3 години. Врз основа на податоците од 2016 година, една жена во Косова живее 70,9 години, додека еден маж живее 68,1 години.
Косовскиот главен град, Приштина, го зафаќа првото место со 2.696 смртни случаи (29,2 отсто), второто место Призрен со 908 случаи (9,8 отсто), потоа Пеќ со 573 смртни случаи (6,2 отсто), додека во северните општини како Грачаница, Звечан и Лепосавиќ е регистриран најмалиот број на смртните случаи.
Во 2016 година во Косово имаше вкупно 188 насилни смртни случаи, од кои 128 смртни случаи во катастрофа, 41 случај на самоубиство, и 19 случаи на убиство. 46,3 отсто на смртните случаи се случиле во здравствените институции, 52,5 отсто во домови, и 1,2 отсто на друго место.
Според проценките на АСК, во Косово има раст во бројот на умрените во последните три години, бидејќи бројот на умрените лица во 2014 година изнесувал 7.634, во 2015 година 8.202, а во минатата година 8.495.